Според најновите протечени информации од Weibo мрежата, се очекува дека наскоро Redmi ќе објави нов телефон од средната класа, наречен Redmi 20X. Наследникот на минатогодишниот Redmi 10X модел ќе има цена од околу 150 долари, за варијанта со 4GB RAM и 128GB простор за складирање.

Врз основа на фотографиите од постерот, Redmi 20X ќе биде редизајниран Redmi Note 10 5G, кој пристигна на глобалните пазари минатиот месец. Поради тоа, се очекуваат голем број слични спецификации како кај Redmi Note 10 5G моделот.

Се очекува дека Redmi 20X ќе има 6,5-инчен LCD DotDisplay со FHD+ панел и брзина на освежување на екранот од 90Hz. Ќе го покренува осумјадрен Dimensity 700 чипсет со 5G поддршка, со споменатите 4GB RAM и 128GB простор за складирање.

На полето на камерите, се очекува главен сензор од 48MP на задната страна, со  2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна се ќе најде селфи камера од 8MP. Телефонот ќе го напојува батерија од 5000mAh со поддршка за 18W полнење. Тука се уште и Hi-Res аудио звучниците, 3,5 мм приклучок, сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката.