Новите Apple Watch модели имаат сличен дизајн и гласините за рамните рабови како на iPhone не се обистинија

Apple на есенскиот настан го претстави и својот нов паметен часовник Apple Watch Series 7, кој пристигнува во нови димензии на куќиштето и екранот.

За разлика од претходната генерација која можеше да се купи во верзии од 40 и 44 милиметри, седмата серија на часовникот на Apple доби еден милиметар поголем дисплеј (41 и 45 мм). Тоа значи дека растојанието помеѓу рабовите на куќиштето и екранот сега е помал, што на корисниците им донесува 20 проценти повеќе простор на екранот во однос на Series 6.

Поголемиот екран значи повеќе содржини на него, но и новини во интерфејсот, а Apple je дури и прикажа тастатура на екранот на часовникот. Новиот модел го има истиот процесор како и претходната генерација, истите сензори, како и истиот дизајн на куќиштето, што значи дека гласините за рамните рабови како оние на iPhone не се обистинија.

Apple Watch Series 7 во варијанта од алуминиум пристигнува во вкупно пет бои: црна, сина, црвена, златна и темно зелена. Часовникот го користи watchOS 8 кој доби некои нови функции.

Series 7 се полни 33 проценти побрзо од претходникот, што е битна бројка имајќи во вид дека ова и натаму е уред кој нуди траење на батеријата од цел дел. Apple Watch Series 7 ќе чини 399 долари во САД, а во остатокот од понудата остануваат Apple Watch SE ($279) и Apple Watch Series 3 ($199).