Realme наскоро ќе зачекори на пазарот на Android таблет уреди со својот Realme Pad модел. Сега извршниот директор на компанијата објави најава на официјалниот изглед на таблет уредот, укажувајќи на неговиот тенок профил.

Ова ќе биде прв таблет на релативно новата компанија, која неодамна го претстави и својот прв лаптоп. Потврдено е дека Realme Pad ќе има MediaTek Helio G80 чипсет, 10.4-inčni FHD+ IPS LCD екран и 7100mAh батерија.

Realme Pad заедно со уште неколку уреди би требало да биде претставен на 9. декември. Се очекува и објава и на Realme 8i и 8s телефоните, како и на неколку IoT уреди и звулници.