Google со месеци ја тестираше новата верзија на Android, а откако конечно беше објавена, Android 14 прв пристигна на телефоните Pixel.

Следни на ред за новиот Android 14 се моделите на кинескиот бренд Xiaomi – поточно, први ќе бидат Xiaomi 13, Xiaomi 13 Pro и Xiaomi 12T.

Новото ажурирање за овие три телефони ги заменува претходните интерни верзии на MIUI.

Така, Xiaomi 13 ги добива верзиите на фирмверот MIUI-V14.0.5.0.UMCMIXM и MIUI-V14.0.5.0.UMCEUXM.

Xiaomi 13 Pro добива MIUI-V14.0.5.0.UMCMIXM и MIUI-V14.0.5.0. UMBEUXM.

Xiaomi 12T добива верзии MIUI-V14.0.6.0.ULQMIXM и MIUI-V14.0.5.0.ULQEUXM.

Со оглед на тоа што Xiaomi во својата објава го споменува само MIUI, а не конкретна верзија, кинеската компанија веројатно сè уште нема подготвено MIUI 15. Сепак, може да се очекува дека тоа ќе се случи наскоро.