Не делат само неколку дена од презентацијата на новата iPhone 12 серија. Apple ќе ја одржи презентацијата на 13 октомври, а во меѓувреме се појавија информации за карактеристиките, цената и достапноста на новите модели.

Најпрвин, се очекуваат четири телефони, со поддршка за снимање видео во Dolby Vision. Смартфоните ќе добијат и Super Retina XDR дисплеи со керамичка заштита на предното стакло.

Најмалиот модел пристигнува со 5,4-инчен екран и ќе се вика iPhone 12 mini. Ќе постои и 6,1-инчен iPhone 12, што ќе биде наследник на моделот iPhone 11. Двата стандарди модела доаѓаат во црна, бела, црвена, сина и зелена боја, како и варијанти на складирање од 64 GB, 128 GB и 256 GB. Телефоните ќе имаат две камери на задната страна – стандардна и ултра широка.

iPhone 12 mini и iPhone 12 ќе имаат почетни цени од 699 и 799 долари. Претпродажбата на мини моделот почнува на 6. ноември и ќе се појави на пазарот на 13. ноември, додека iPhone 12 на пазарот ќе пристигне на 23. октомври.

Останатите два модела се iPhone 12 Pro и Pro Max, што ќе бидат достапни во златна, сребрена, графитна и сина боја. Почетната цена на овие телефони е 999 и 1099 долари, а ќе бидат достапни со простор за складирање од 128 GB, 256 GB и 512 GB.

Премиум моделите доаѓаат со подобрени камери, а интересно е што iPhone 12 Pro Max ќе има подобри камери од iPhone 12 Pro. Двата телефони ќе имаат стандардна, ултра широка и телефото-камера со LiDAR сензор (Pro Max ќе има подобра фокусна должина од Pro моделот, како и 5x оптичко зумирање, наспроти 4x на моделот Pro).

IPhone 12 Pro ќе биде во претпродажба од следниот петок, а достапноста на пазарот ќе започне една недела подоцна. Од друга страна, iPhone 12 Pro Max пристигнува подоцна и ќе се појави на пазарот од 20. ноември.