Големо изненадување на настанот на Apple претставуваше објавата на деветата генерација на најевтиниот iPad и новиот редизајниран iPad Mini.

Ажурираниот 10,2-инчен iPad го содржи моќниот A13 Bionic чип со 20 проценти побрзи перформанси од претходниот модел. Apple вели дека сега е три пати побрз од Chromebook. Пристигнува со нова ултраширока селфи камера од 12 мегапиксели со Center Stage, која го користи машинското учење за подесување на предната камера во текот на FaceTime видео повиците, со дополнителна поддршка за Apple Pencil од првата генерација. Екранот од 10,2-инчи е со иста големина и резолуција како претходниот модел, но сега ја има и True Tone функцијата, која ја прилагодува температурата на боите на екранот во однос на амбиенталното осветлување.

Најновиот iPad пристигнува со iPadOS 15 и вклучува подобрувања за почетниот екран на iPad, рганизирање на апликациите и мултитаскинг функциите.

Оваа година, Apple ќе го нуди iPad во почетен капацитет од 64GB, со цена од 329 долари. Таблет уредот ќе биде достапен во сребрена и space grey боја, почнувајќи од 14. септември.

Кога е во прашање новиот iPad Mini, таблетот го карактеризира ново куќиште со потенки рамки и заоблени рабови. Новитет е дека iPad Mini 6 сега има поголем, 8.3-инчен дисплеј (наспроти 7.9-инчниот екран што го имаше претходниот модел).

iPad Mini е најмалниот таблет уред на Apple, дури и со зголемените димензии, а поддржува Liquid Retina дисплеј. Од предната страна се наоѓа нова 12MP ултраширока камера со поддршка за Center Stage функцијата. Надградба доби и камерата на задната страна.

Apple ветува дека iPad Mini се испорачува со 40 проценти побрз проценти и до 80% побрза графика. Таблетот сега има USB-C порт, поддршка за 5G со брзини на преземање до 3.5 гигабити во секунда и го поддржува Apple Pencil од втората генерација. Редизајнираниот iPad Mini е достапен по цена од 499 долари.