Apple ја најави својата најнова презентација за 14 септември, а сите очекуваат да биде објавена iPhone 13 линијата, како и подобрени AirPods слушалки . За прв пат, се очекува дека ќе видиме iPhone модели со 1TB простор за складирање.
Според аналитичарот Минг-Чи Куo, iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max ќе имаат опции за складирање од 1TB. Покрај ова, се очекуваат и опции со простор од 128 GB, 256 GB и 512 GB. Куо верува дека iPhone 13 и iPhone 13 mini ќе пристигнат во верзии од 128 GB, 256 GB и 512 GB, и дека моделите од 64 GB ќе бидат изоставени.
Покрај новите iPhone уреди, Куо верува дека Apple во текот на презентацијата ќе ги прикаже и AirPods 3. Не се споменува со какви подобрувања пристигнуваат новите слушалки.
Претходните информации сугерираа дека поради моменталната ситуација со глобалниот недостатиг на чипови, iPhone 13 линијата ќе биде погодена. Иако се очекува зголемување на испораката за 10% на годишно ниво во споредба со iPhone 12 линијата, недостатокот на компоненти и натаму ќе го лимитира производството.
Apple закажа презентација за 14. септември, се очекува објава на iPhone 13
Поврзани артикли