Huawei Mate 20 Pro минатиот месец беше растурен од тимот на iFixit, а на тестот тој доби 4/10 за можноста за поправка (десет е за најлесно сервисирање). Сега телефонот се најде во рацете на Зак Нелсон, од популарниот YouTube канал JerryRigEverything.

Зак забележа некои интересни работи за време на растурањето на телефонот. За разлика од неговите конкуренти, Huawei не користеле бакарни цевки за ладење. Наместо тоа, тие користеле термичка паста и метални плочи за отстранување на топлина. Слушалката се наоѓа малку пониско од вообичаено, па така Huawei можел да го искористи просторот за поголема слушалка.

Расклопувањето исто така открива дека вградениот сензор за отпечатоци е поврзан со екранот, така што оштетувањето на една од овие две компоненти бара замена и на двете. Тоа значи дека сервисирањето е тешко и скапо. За повеќе детали за тоа што е можно да се најде во телефонот Mate 20 Pro, погледнете го следното видео.