Иако постои повеќе од четири години, Youtube TV услугата ја нема прилично битната  карактеристика: можност за 4K стриминг. Тоа сега се менува, бидејќи е објавен нов додаток „4K Plus“, што ќе го овозможи тоа – претпоставувајќи дека имате компатибилен телевизор и стриминг уред.

Кога сте дома, 4K Plus ви овозможува да го стримувате YouTube TV од неограничен број уреди. Основниот YouTube TV пакет може истовремено да стримува на три различни уреди, но ако имате големо домаќинство кое се потпира единствено на таа услуга, ова би треба да осигура никој да не го изгуби пристапот до мрежата.

Додатокот 4K Plus вклучува и можност за преземање на снимки на телефон или таблет, функција која би требало да биде доста корисна за луѓето, бидејќи ова лето повторно почнуваат повеќе да патуваат.

За жал, сето тоа доаѓа со прилично висока цена. Додатокот 4K Plus чини 19,99 долари месечно, како надополнување на она што веќе го плаќате за вашиот постоечки YouTube TV пакет.