Виролозите од водечките шведски универзитети заклучиле дека новата варијанта на коронавирусот не може да биде искоренета и дека ќе се враќа како сезонски вирус, со апел до луѓето дека „треба да научат да живеат со него“.

Гледајќи од посветлата страна, иако имунитетот е краткорочен вирусот, веројатно вирусот со текот на времето ќе ја изгуби својата преносливост, пренесува „Спутник“.

Виролозите Ленарт Свенсон од Универзитетот Линкопинг, Аке Лундквист од Универзитетот Упсал и Андрес Видел од Универзитетот Лунд, заклучиле дека дури и стапката на вакцинација од над 90 отсто не би ја запрела во целост инфекцијата на Ковид-19 што покажуваат бројни примери од светот.

„Сè укажува на тоа дека Ковид-19 ќе остане и ќе се враќа како сезонски грип. Ќе биде многу тешко или дури и невозможно да се постигне колективен имунитет“, напишале авторите во текстот за магазинот „Dagens niheter“.

Професорите исто така наведуваат дека одамна се познати четири видови на коронавирусот кои можат да заразат луѓе и да се вратат со текот на зимската сезона предизвикувајќи блага настинка.

Покрај тоа, од 2003 година човештвото е погодено од епидемии – два целосно нови коронавируси кои можат да предизвикаат сериозни инфекции: sars-cov-1 (со стапка на смртност од околу 10 отсто) и mers-cov (со морталитет од околу 34 отсто).