Водечкиот јапонски производител на автомобили, Toyota Motors продаде над 9,53 милиони автомобили ширум светот во календарската 2020 година. Со тоа стана лидер во овој индикатор меѓу другите компании, според извештајот објавен од компанијата.

Во истовреме, продажбата на светско ниво, вклучително и на „Дајхатсу“ и „Хино моторс“, опадна за 11,3 отсто во споредба со 2019 година. Главниот конкурент на јапонскиот концерн, германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ истиот период продаде околу 9,3 милиони автомобили. Toyota последен пат беше на врвот на листата во 2015 година.

Toyota и покрај негативното влијание на пандемијата и прекинот на работењето на фабриките, го зголеми производството на рекордно ниво. Ова главно се должи на зголемената побарувачка во Кина, која заздравува побрзо од други земји од корона-пандемијата.

Продажбата на Toyota возила во Европа е најмалку погодена во споредба со другите региони во светот. Вкупно, јапонскиот концерн има продадено околу 960.000 автомобили во европските земји, што е за 8,5 отсто помалку отколку во 2019 година.