Британски пензионер по грешка во пишувањето на својот навигациски уред, место во Рим во Италија, завршил во западна Германија. Пензионерот, кој тргнал на пат од Њукасл, имал желба да го посети Ватикан.

Но, наместо Romе, напишал Rom, па навигацијата му го покажала местото што е илјадници километри оддалечено од посакуваната дестинација.

Кога навигацијата го известила дека стигнал на одреденото место, тој, место Колосеумот или Сикстинската капела, вели дека видел само една улица и селски куќи околу неа.

Работите се влошиле за него кога заборавил да ја крене рачната сопирачка на возилото, па неговиот автомобил почнал да се движи назад и удрил во знакот на кој пишувало Rom.