Никако да стигнат добри вести за тековниот недостиг на конзоли Playstation 5 и Xbox Series X/S. Претходните предвидувања беа дека ситуацијата ќе биде многу подобра до средината на оваа година, но тоа не се оствари.

Ситуацијата сѐ уште е далеку од добра, а Toshiba предупредува дека недостигот би можело да трае до 2023 година. Предупредувањето на оваа компанија се однесува на глобалниот недостиг на полупроводници што се користат во изградбата на конзоли од следната генерација.

Директорот на одделот на компанијата задолжен за производство на овие делови, Такеши Камебучи, изјави дека испораката на чипови до производителите ќе биде ослабена до септември следната година, но во некои случаи производителите ќе останат без потребниот број делови до 2023 година.

Конзолите се директно погодени од овој недостиг, но светлина на крајот од тунелот може да се најде во креативноста. Се шират гласини дека производителите на конзоли сега работат на изменување на хардверот за да се избегне потребата од делови што недостасуваат. На пример, како што Sony неодамна објави нов модел на конзолата PS5.

Извор: B92.net