Пред официјалната објава, корисниците имаат последна шанса да го испробаат Android 12. Google ја објави петтата и последна бета верзија за Pixel телефоните (вклучувајќи го и Pixel 5а) и неколку кстерни уреди, нудејќи нов увид во платформата пред конечната верзија да биде ослободена.

Beta 5 е „release candidate build“, со вообичаени поправки и подобрувања на перформансите во последен момент, така што не се очекуваат поголеми промени во однос на бета 4 и бета 3 верзиите.

Комплетираниот софтвер се очекува во следните недели, според наводите на Google. Доколкун компанијата се држи до традиционалниот пристап, само сопствениците на Pixel телефоните ќе го добијат Android 12 на стартот.

Material You дизајнот останува најголема измена во Android 12, а вклучува вкупно освежување на интерфејсот, пофлуидни анимации и опции на бои кои се прилагодуваат на позадината. Ќе бидат достапни и повеќе функции за приватност, вклучувајќи го и доделениот Privacy Dashboard, како и копчиња и индикатори за камери и микрофони.

Тука се и посуптилните подобрувања, како што е авто-ротација за камерите, систем за on-device search уред кој овозможува пребарување на содржини во рамките на апликациите и друго.