Samsung моментно е водечка компанија кога се во прашање камера сензорите, а компанијата неодамна најави нов 200MP сензор. Меѓутоа, јужнокорејскиот гигант не сака да запре на ова.

Според наводите од слајдот, кој е презентиран во текот на SEMI Europe Summit, Samsung планира да претстави 576MP сензори на пазарот до 2025. година. Конкретните детали за овој сензор засега се мистерија, но Samsung претходно истакна дека 500MP сензори нудат резолуција еквивалентна на човековото око.

Samsung претходно споменуваше имплементирање на големи сензори за камерите во решенијата за автомото индустријата, виртуелна реалност и дронови. Тоа не значи дека во иднина нема да видиме камера сензори со голем број мегапиксели и во телефоните. Пред само неколку години, новиот 200MP HP1 сензор на Samsung звучеше само како неизвесен концепт.

Samsung веќе почна да ги решава предизвиците со кои се соочуваат големите сензори на телефоните, како што е намалување на испакнување за камерите на задната страна или намалување на физичките димензии на сензорите. Следниот чекор ќе биде обезбедување на процесорска сила потребна да ги поддржи вака големите сензори.