Lenovo во теко на својот Tech World настан претстави неколку нови уреди, вклучувајќи и лаптопи базирани на Windows 11 OS, Chromebook и таблет модели. Новите лаптопи ги вклучуваат IdeaPad Slim 7 Pro и IdeaPad Slim 7 Carbon.

IdeaPad Slim 7 Pro има 16-инчен дисплеј со 120Hz освежување. Достапене мобилен процесор до AMD Ryzen 7 5800H модел, со графичка карта до Nvidia GeForce RTX 3050. Лаптопот поддржува до 16GB RAM и до 1TB SSD простор за складирање. Батеријата нуди до 12 часа работа со едно полнење. Останатите карактеристики вклучуваат звучници со Dolby Atmos поддршка, два USB порта, USB-C порт и HDMI порт, како и слот за SD картички.

lenovo2_121.jpg

IdeaPad Slim 7 Carbon користи материјал од јаглеродни влакна за куќиштето. Ова овозможува тежина од само 1075 грама. Дисплејот од 14 инчи има резолуција 2880х1800 пиксели и 90Hz освежување. Батеријата би требало да нуди до 14,5 часа работен век. Конфигурацијата вклучува мобилен процесор до AMD Ryzen 7 5800U моделот и Nvidia GeForce MX450 графичкиот чип. Лаптопот поддржува до 16GB RAM и до 1TB SSD. Тука се и два USB порта и USB-C приклучок, а нема слот за SD картички, ниту HDMI порт.

lenovo3_23.jpg

Покрај новите лаптопи, Lenovo го претстави и IdeaPad Duet 5 Chromebook. Го карактризира 13,3-инчен OLED дисплеј, кој може да се одвои од тастатурата и може да се користи како таблет. Го покренува Qualcomm Snapdragon 7c Gen 2 чипсет, со 8GB RAM и до 256GB простор за складирање. Со едно полнење, батеријата трае до 15 часа, а Chromebook моделот има и  5MP предна камера и 8MP камера на задната страна, како и два USB порта.

Lenovo не ги објави цените и датумот на достапност на новите уреди на пазарот.