Новите iPhone модели би можеле да бидат достапни во сосема нови бои кои претставуваат промена во однос на она што сме навикнати да го гледаме од Apple. Познатиот аналитичар Минг Чи Куо предвидува дека новата линија на iPhone ќе има сосема нови смели бои.

Најголемиот од телефоните кои се очекува, 6,5 инчен OLED модел кој покрај традиционалната бела и црна боја, ќе биде достапен и во златна боја. Станува збор за класична златна боја која не беше употребувана за претходните iPhone модели.

Куо предвидува дека 6,1 инчниот LED телефон ќе има поголема палета на смели бои како што се сина и портокалова.

Иако сината веќе беше достапна за iPhone 5C моделот во 2013 година, кој беше достапен и во зелена, жолта и розова боја, ова може за прв пат да биде Apple да произведе телефон во портокалова боја.

Иако засега ова се само шпекулации, Куо во минатото беше прилично точен во своите предвидувања за iPhone.