Google сака Gmail да го направи место кое нема само да служи за размена за пораки. Компанијата подготвува поголемо Workspace ажурирање кое ќе додаде директно повикување преку Google Meet во Gmail мобилната апликација.

Корисниците ќе можат да ги повикуваат соработниците и колегите и другите контакти за кратки сесии „еден на еден“. Функцијата ќе испрати и „чип“ на компјутерот на корисникот, доколку преферира на повиците да одговара на поголем екран. Meet во некој момент исто така ќе ја додаде оваа функција.

Workspace измените вклучуваат и поширок редизајн за Gmail, кои овој сервис го прават обединет хаб за други активности. Тука ќе бидат Google spaces, преименувана и проширена верзија на Rooms chat каналот и друго. Може да се очекува полесна навигација помеѓу мејл пораките, четовите, spaces и Meet содржините, како и подобрени административни и сигурносни алатки. Деловните корисници ќе ги добијат овие измени од денеска, додека стандардните Gmail корисници ќе го добијат ажурирањето подоцна.