Honor додаде два уредa во своето портфолио производи достапни за глобалните пазари. Во прашање се Honor MagicBook Pro лаптопот со Intel процесор и Honor Band 6 паметната нараквица.

MagicBook Pro беше претставен во Кина пред неколку месеци, а објавен е со AMD Ryzen 4600H процесор. Сега Honor нуди и верзија со Intel Core i5-10210U процесор и GeForce MX350 графичка карта. Покрај тоа, има 16,1-инчем екран, 16 GB RAM и 512 GB простор за складирање. Капацитетот на батеријата е 56Wh, а достапен е и брз полнач од 65W.

Цената на MagicBook Pro лаптопот изнесува околу 1.000 долари, но ова ќе зависи од пазарот на кој се нуди и тарифите што таму се применуваат.

Кога станува збор за Honor Band 6, паметната нараквица беше официјализирана во ноември, сега ќе се појави и на глобално ниво. Уредот има 1,47-инчен AMOLED екран со 2,5D закривено стакло.

Носечкиот уред има пет функции за следење на здравјето (SpO2, следење на работата на срцето, сонот, стресот и Female Cycle Tracker), како и десет режими на вежбање. Honor Band 6 пристигнува без NFC поддршка, по цена од околу 35 долари.