Microsoft сака да размислувате за неговата претплатичка услуга Office 365 во целосно ново светло. Така, на 21. април, компанијата ќе ја преименува услугата во Microsoft 365, бидејќи додава уште AI и cloud алатки за поголема продуктивност.

Цените истануваат исти: Седум долари месечно / 70 долари годишно за лична употреба и десет долари месечно / 100 долари годишно за семеен план – но опсегот на услуги е многу поширок. Како прво, Microsoft ја лансира новата апликација Family Safety за следење на времето поминато на екранот и другите аспекти на вашиот дигитален живот.

Основни карактеристики на Microsoft 365 се исти како и претходно: Ќе добиете пристап до десктоп Office апликациите, еден терабајт од OneDrive просторот за складирање по лице и 60 минути Skype телефонирање секој месец. Тоа не е премногу неправедно, посебно ако го делите пристапот со целото семејство (до 6 луѓе). Сепак, би било добро да се види Microsoft да ја врати неограничената понуда на складирање, која беше најавена за корисниците на Office 365 во 2014. Компанијата се откажа од поволностите една година подоцна откако некои корисници почнаа да ја злоупотребуваат, но ова би можело да биде поизводливо во 2020. година. Во најмала рака, време е Microsoft да ја премине границата за складирање од 1 TB.

Што се однесува до новите можности, Microsoft Editor, AI алат на компанијата за помош при пишувањето, се проширува и на Word и веб апликацијата Outlook. Можете да го користите и во Microsoft Edge и Google Chrome со браузер екстензија. Ќе добиете основна правописна и граматичка помош на која сте навикнатио, но можете да истакнете реченица за да добиете некои предлози за исправување. Тука е и новата проверка на сличностите, која може да ви помогне да избегнете потенцијални проблеми за плагијат. Ќе препознае кога вашиот текст изгледа слично на друга содржина и да предложи начини како тоа да го наведете на соодветен начин.