Милијардерот Илон Маск го купи Твитер, пренесува Гардијан. Бизнисменот ја купил компанијата за 44 милијарди долари.

Овој потег го прави Маск одговорен за компанијата со 217 милиони корисници, како и за нејзината влијателна улога во обликувањето на политичката и медиумската агенда на двете страни на Атлантикот. Првичната неподготвеност на Твитер да ја прифати трансакцијата се чинеше дека избледе откако Маск го потврди финансискиот пакет.

Маск истакна дека Твитер ќе биде ревидиран под негово водство, вклучувајќи промени во модерирање на содржината, опишувајќи се себеси како „апсолутист на слободата на говорот“.

Договорот доаѓа по драматичните шпекулации, неколку недели, за иднината на Твитер. Маск објави понуда од 43 милијарди долари на 14 април, што го натера одборот на Твитер да го покаже своето незадоволство од неговите настојувања, наведува Гардијан.

Сепак, противењето на одборот на Твитер очигледно исчезна откако Маск подготви пакет за финансирање од 46,5 милијарди американски долари, вклучително и 21 милијарда долари од неговите сопствени пари. Според извештаите, и акционерите и одборот на Твитер почнале сериозно да ја сфаќаат понудата.

Овој договор не се очекува да се соочи со сериозна контрола од американските власти за конкуренција, бидејќи главните деловни интереси на Маск – компанијата за електрични автомобили, ракетната компанија Space X и компанијата за изградба на тунели Boring Company – не се во конкуренција на Твитер.

Сепак, договорот најверојатно ќе привлече коментари од политичарите и другите тела со оглед на влијанието на Твитер како извор на информации и ставот на Маск за слободата на говорот.