Слушањето музика на YouTube апликацијата додека вашиот екран е исклучен и натаму не е возможно, освен ако не пластите за YouTube Premium. Меѓутоа, постојат неколку начини како можете да го „заобиколите“ овој проблем.

Потребно е, пред се, да го отворите веб-прегледникот Safari и да внесете youtube.com. Бидете внимателни и одбијте вашиот телефон да ве пренасочи на апликацијата – ви треба YouTube само во прегледникот.

Кога ќе го пронајдете видеото што го сакате, изберете „AA“ во Safari, а потоа кликнете на  Request Desktop Site. Потоа пуштете ја видео снимката. Кога ќе ја стартувате, исклучете го екранот на смартфонот.

Видеото накратко ќе биде сопрено, но тоа лесно можете да го решите. Отворете го Control center (повлечете со прстот од горниот десен агол на екранот или од средината кон долу). Тука ќе ги добиете контролите, со помош на кои можете повторно да ја стартувате видео-снимката, да го намалувате или зголемувате гласот итн.