Facebook ќе инвестира 1,5 милиони долари во медиуми во Аргентина за обука на новинари и промовирање на развојот на дигиталните технологии.
Програмата што почна минатата недела, е дел од новинарски проект на ФБ што вклучува партнерства со издавачи од целиот свет. Аргентина е првата земја во Јужна Америка што стана дел од неа. Околу 3.000 новинари од речиси 150 медиуми ќе можат да се приклучат на тригодишната програма.
Facebook веќе инвестираше 600 милиони долари ширум светот од 2018 година за поддршка на дигиталниот развој во медиумите. Компанијата планира да инвестира уште една милијарда долари во следните три години.
Поврзани артикли