Forbes ја објави листата на најплатени јутјубери во 2021 година. На првото место се најде Џими Доналдсон, познат како MrBeast.

Неговите видеа на YouTube имаат над 10 милијарди прегледи, а му донесоа заработка од 54 милиони долари. Во текот на изминатата година тој заработи повеќе од најдобрите спортисти во светот како Новак Ѓоковиќ, Лео Меси, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, кои заработија околу 40 милиони долари.

Џими го надмина и 10-годишниот рецезент на играчки Рајан Каџи, кој последните две години беше на врвот на листата.

На второ место се најде Џејк Пол. Истражувањата покажаа дека платформата YouTube во 2021 година имала 2,3 милијарди корисници низ светот.