Играч „случајно“ заборавил да го исклучи голиот мод во Street Fighter 6 пред да учествува на онлајн турнир.

Онлајн турнирот Street Fighter 6 стана вирален откако „случајно“ промовираше гол „костим“ за Чун Ли.

Имено, во преносот на турнирот организиран од Corner2Corner, еден играч заборавил да ја исклучи модификацијата која ликот на Чун Ли го претвора во нудист.

Натпреварот во кој Чун Ли не беше „ниту крива, ниту должна“ да се најде гола траеше само 10-тина секунди пред да биде прекинат и поништен.

Иако употребата на модифицирани костими можеби не е забранета во правилата на самиот турнир, целата работа е комплицирана од фактот што турнирот се емитуваше на Twitch.

А добро е познато дека Twitch баш и не трпи голотија, па организаторите го прекинаа натпреварот пред да се случи каква било казна од Twitch.