Компанијата „Фејсбук“ објави дека на социјалната мрежа биле укинати околу 783 страници, налози или групи поврзани со Иран.

Профилите, како што посочија од компанијата се затворени поради координирано не автентично однесување.

Станува збор за лажни профили отворени со намера да се нарушува политиката и изборите, соопштија од „Фејсбук“.

Сопствениците на овие профили потрошиле околу 30.000 долари за рекламирање, за што плаќале во американски долари, британски фунти, канадски долари и евра, се наведува во соопштенето на компанијата, пренесе АП.