Минатата недела Poco го претстави својот F3 GT телефон, а сега популарниот бренд официјализираше уште еден GT модел наречен Poco X3 GT. Телефонот претставува меѓународна верзија на Redmi Note 10 Pro, кој е ексклузивен за кинескиот пазар, но наместо Redmi ќе користи Poco брендирање.

На предниот дел на телефонот доминира 6,6-инчен IPS LCD екран со брзина на освежување од 120Hz и FHD+ резолуција. Екранот е заштитен со најновиот Gorilla Glass Victus, додека селфи камерата од 16MP е сместена во punch-hole отвор. На задната страна се сместени главната 64MP камерa, ултрашироката од 8 мегапиксели и 64MP макро камера.

MediaTek Dimensity 1100 го покренува телефонот, во комбинација со 8GB RAM и 128GB или 256GB меморија. Уредот го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за брзо полнење од 67W.

За софтверска поддршка е задолжен MIUI 12.5 интерфејсот, базиран на Android 11, а телефонот има и сензор за отпечатоци од страна на рамката, стерео звучници и IR blaster.

Poco X3 GT ќе се продава по цена од 299 долари за моделот од 8GB/128GB и 329 долари за варијантата од 8 GB/256 GB.