Најновиот премиум телефон на Huawei – P40 Pro+, чиј фокус е на камерите, конечно пристигнува во Европа. Смартфонот беше претставен во март, а неодамна почна да се продава во Кина.

Кинеската компанија објави дека уредот во Европа ќе биде достапен за купување од 25. јуни, по цена од 1399 евра. За оваа цена се добива телефон со веројатно најдобра камера на пазарот и единственото вистинско 10x оптичко зумирање.

Претпродажбата на Huawei P40 Pro+ моделот би требало веќе да е достапна.