Компанијата Huawei потврди дека следниот MatePad таблет ќе биде претставен на 23. април, а во прашање е Huawei MatePad 10.4 моделот.

Како што сугерира и името на уредот, Huawei MatePad 10.4 има дисплеј со големина од 10,4 инчи. Екранот поддржува резолуција од 1200 x 2000p резолуција. Таблет уредот го покренува Kirin 810 чипсет во комбинација со до 6GB RAM и до 128GB простор за складирање. Тука се и Harman Kardon звучниците.

MatePad 10.4 има 8MP предна камера и 8MP камера на задната страна. Уредот го напојува батерија со капацитет од 7250mAh, а присутна е и поддршка за M Pen паметното пенкалце и конекција за тастатура.

Се очекува дека Huawei MatePad 10.4 ќе биде достапен во две Wi-Fi верзии, со 4GB RAM + 64GB простор за складирање и во 6GB + 128GB варијанта. Ќе постои и LTE верзија со 6GB RAM и 128GB простор за складирање.

Цената на таблетот не е потврдена, а се очекува само во Fritillaria White варијанта на боја.