Пред почетокот на E3 гејминг конвенцијата, се појавија гласини дека во текот на настанот ќе биде објавен Nintendo Switch Pro. Тоа не се случи, но затоа Nintendo го најави Nintendo Switch моделот со OLED екран.

Рачната конзола официјално го носи името Nintendo Switch (OLED модел), но не претставува надградбата на Switch Pro, за која претходно кружеа гласини. Ова претставува ревизија на дизајнот на Switch, со надградба на OLED дисплеј, но не го користи унапредениот Nvidia чип. Поради тоа, не се очекуваат подобри подесувања на графиката и поголем фрејмрејт.

Новиот Nintendo Switch OLED модел има 7-инчен OLED екран, со нешто помали рамки околу екранот во однос на оригиналниот Switch. Конзолата сега има 64GB простор за складирање, подобри звучници, а сталакот сега е поширок и нуди повеќе подесувања за подобри агли на гледање.

Тука е и поновиот Switch Dock со LAN порт и некои естетски разлики, како што е вклучување на логото. Новиот Switch Dock би требало да работи и со оригинална конзола.

Nintendo Switch (OLED модел) ќе се најде во продажба од 8. октомври, по цена од околу 350 долари.