Автономните роботи можат безбедно да стигнат од точка А до точка Б без никакви проблеми, а сега еден од нив победи човечки пилоти во трка.
Истражувачи од Универзитетот во Цирих создадоа алгоритам кој овозможи дрон со ВИ технологија да им помогне на човечките пилоти на експериментална тркачка патека.
Овој проект може да биде многу корисен за да се направат беспилотни летала поефикасни во спасување, испорака и слично.
Истражувачите во минатото правеа поедноставени модели на беспилотни летала со четири пропелери и патеки за летање за да го пронајдат идеалниот, сепак, овојпат беа земени предвид сите ограничувања.
„Наместо да се поврзат делови од патеката за летање со точки на минување, алгоритмот во овој случај само ‘му кажува’ на дронот да ги помине сите точки, но не и како и кога да го направи тоа“, рече авторот на студијата, Филип Фоун.
Истражувачите им дозволија на луѓето пилоти да вежбаат на патеката, а исто така поставија и надворешни камери за да му ја испраќаат на алгоритмот точната позиција на дронот во секое време. Кога двете страни го одработија тренингот, алгоритмот ги победи човечките пилоти во секој круг и имаше поконзистентни перформанси.
Истражувањето може да резултира во развој на побрзи беспилотни летала за реални апликации, дури и во сложени околини со повеќе точки.
Следниот чекор ќе биде развој на систем кој ќе може да работи со помош на сопствените, наместо со надворешни камери.
„Овој систем може значително да се користи при испорака на пратки, инспекција, пребарување и спасување“, рече Давиде Скарамуза, шеф на групата за роботика и перцепција на Универзитетот во Цирих.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли