„Коронавирусот, како и секој останат вирус е примитивно суштество на кое тешко му е да се заштити од ултравиолетово зрачење“ – сметаат научниците.

Истражувачите забележале дека најголемите епидемии во светот се случувале во земјите кои што се сместени прилично во ниска зона на северната хемисфера, која е ограничена на 30 и 50 паралела. Тоа ги вклучува Иран, Италија, Шпанија, САД, Јужна Кореја и Кина.

Врз основа на тоа, дошле до заклучок дека вирусот најбрзо и најдобро се шири во одредени климатски услови при температура од 5 до 11 степени целзиусови, додека пак влажноста на воздухот е од 47 до 79 отсто.

Истражувачите од Велика Британија имаат исто мислење. Тие температурата од 8 степени целзиусови ја сметаат за ‘најплодна’ за коронавирусот. Кога надвор е многу топло, болеста почнува да мирува.

Што се однесува до временските услови во Северна Италија, откаде што вирусот се рашири во многу други земји ширум Европа, во текот на февруари и текот на половината на месец март, просечната температура била од 6 до 9 степени целзиусови.

Во Јужна Кореја, коронавирусот е под контрола. Веќе на почетокот на месец март во оваа земја дневно биле забележани само неколку 100-на случаи на заразени, а сега тој број е намален на 10 случаи. Дали е случајно тоа што во оваа земја неодамна почнале да доаѓаат суптропските воздушни маси и што температурата во Сеул достигнала 15 степени целзусови?

Врз основа на таа логика, Русија исто така наскоро ќе создаде услови за намалување на стапката на заболени. Во месец април, во поголемиот дел од Русија температурата ќе биде поголема од сегашната.

На југ, во центарот и на северо-запад, живата на термометарот е над вредноста која што е поволна за ширење на вирусот. Зона на ризик останува северо-истокот на Русија, Урал, јужен Сибир и централниот регион на далечниот исток.

Но, покрај температурата како фактор постои уште еден кој што делува во сите климатски зони. Сега на северната хемисфера почнува или пак веќе почна пролетта. До месец мај, протокот на сончеви зраци ќе биде двојно поголем.

Со други зборови, ултравиолетовите зраци ќе влезат во атмосферата и ефикасно ќе го прочистуваат воздухот и практично ќе го убијат вирусот.

„Тоа се таканаречени сезонски, системски фактори. Од една страна тоа е апсолутно точно: ултравиолетовото зрачење ќе го убие вирусот како и многу други вируси во светот. Втората добра работа е тоа што на пролет оживува сè. Дури и нашиот имунитет е појак, а луѓето се посреќни. Поради сето тоа стапката на инфекција веќе некаде почнува да опаѓа“ – истакнал специјалистот за молекуларна генетика, Дмитриј Квон.

Извор: Informer.rs