Кинеската вселенска станица Tiangong-1 тешка 8,5 тони го забрзува своето неконтролирано паѓање на Земјата, а контактот ќе биде за неколку месеци, пренесе Guardian.

Tiangong-1 или Рајската палата пратена е во Земјината орбита во 2011 година и опишана како политички симбол на Кина во вселената. Користена е за мисии со човек и без него, а во историјата влезе и како место на прва мисија за една жена од Кина.

Сепак, во 2016 година владата од Пекинг соопшти дека комуникацијата и контролата на станицата е изгубена и дека таа ќе падне во 2017 или 2018 година. Кинеската вселенска агенција дополнително ги извести Обединетите нации дека станицата ќе падне меѓу октомври 2017 и април 2018 година.

Со оглед на тоа дека орбитата на Tiangong е се пониска, минатите недели се виде дека почна да влегува во погустите делови на атмосферата, поради што самиот пад се забрза.

„Моменталната најниска точка на движење на станицата е 300 километри над тлото. Очекуваме да падне кон крајот на оваа или почетокот на следната година“, рече астрофизичарот Џонатан МекДауел.

Иако се смета дека поголемиот дел ќе изгори во атмосферата, Мекдауел вели дека делови тешки и по 100 килограми ќе паднат на тлото.
Шансите некој да биде повреден или убиен од остатоците се многу мали, но Кина ќе ги извести ОН кога паѓањето ќе се приведе кон крај.

Сепак, Мекдауел вели дека тешко е да се одреди времето или локацијата дури и неколку дена пред тоа. На поточна информација ќе може да се надевале неколку часа пред падот. Ова не е прв пат големи летала да паднат на Земјата и ниедно до сега не ја наруши безбедноста на населението.