Nokia XR20 е официјално претставен, а Nokia го креираше овој телефон за да биде издржлив и долговечен, како на полето на хардвер, така и во сегментот на софтвер.

Телефонот има засилено куќиште, со MIL-STD810H сертификат за преживување на пад до 1,8 метри. Во комбинација со IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина и Gorilla Glass Victus стакло од предната страна, делува дека XR20 не бара заштитни маски  и дополнителна заштита на екранот.

Nokia XR20 има 6,67 инчен FHD + IPS LCD екран, со 550 нита осветлување на кое може да се работи со ракавици или влажни прсти. Телефонот покренува Snapdragon 480 чипсет  со 5G конекција и има 6 GB RAM меморија. Просторот од 128GB може да се прошири преку слот за microSD картичка.

Кога се во прашање камерите, на задната страна се 48MP 1/2.25″ f/1.8 главна камера и 13MP 1/3″ f/2.4 ултраширока камера, а секоја има свој LED блиц. Селфи камерата има 8MP f/2.0 сензор со фикден фокус.