Додека Windows инсајдерите веќе имаат прилика да го тестираат Windows 11 preview build, остатокот од корисниците ќе мораат да почекаат пдооцнежен период во текот на 2021. година за да се запознаат со надградениот оперативен систем на Microsoft.
Се испостави дека овој „подоцнежен период“ значи октомври, барем судејќи според Intel. Во документацијата на компанијата за поддршка на DCH GPU драјвер 30.0.100.9684, производителот го наведува Windows 11 во поддржани оперативни системи, компатибилни со споменатиот драјвер.
Windows 11 листингот во рамките на документацијата не покажува ништо друго освен името на оперативниот систем. Меѓутоа, Wayback Machine овозможува увид во оригиналниот документ, пред да биде изменет, а во старата верзија октомври 2021. година е истакнат за Windows 11.
Иако ова не е доволно цврст доказ дека Microsoft ќе го објави Windows 11 во октомври, секако се чини како добра основа за таа претпоставка. Во секој случај, повеќето корисници нема да можат да извршат надградба на Windows 11, дури и ако се појави во октомври, бидејќи Microsoft истакна дека корисниците на Windows 10 нема да добијат бесплатна надградба пред 2022 година.