Според наводите на странските медиуми, WhatsApp воведува нов платен систем преку својата апликација подоцна оваа година, почнувајќи од Индија. Тестирањето на платежниот систем почна уште минатата година во Индија, изјави Вил Катчарт од Facebook, компанија која го купи WhatsApp во 2014. година за 19 милијарди долари.

Преку опцијата која е наречена WhatsApp Pay, испраќањето пари ќе биде едноставно како испраќање порака, а компанијата по Индија сака да ја стартува и на другите меѓународни пазари. Популарната апликација за размена на пораки има 1,5 милијарда корисници ширум светот, а од тоа само во Индија има 400 милиони.

„Веруваме дека ако ова го направиме како што треба, ќе ја забрзаме финансиската инклузија и ќе им донесеме вредност на луѓето во индиското дигитално стопанство”, изјави Катчарт. „Едвај чекаме да им ја пружима оваа услуга на луѓето во Индија до крајот на оваа година”, го најави воведувањето на WhatsApp Pay во Индија.

Меѓутоа, штом е најавена новата опција, се појави и загриженост во Индија.

„Индиските власти се загрижени дека платежната услуга на WhatsApp би можела да ги дели корисничките податоци со Facebook и Instagram, загрозувајќи ја сигурноста, приватноста и некомерцијалните информации за своите претплатници”, пишува Economic Times и додава дека засега не е познати дали WhatsApp веќе добил зелено светло од индиските власти за воведување на оваа услуга на плаќање.