Компанијата Dell ја претстави освежената верзија на својот G7 гејминг лаптоп, кој сега има нов изглед благодарение на потенкиот профил и ефектите за осветлување за куќиштето. Лаптопот има и RGB-осветлена тастатура, нов дизајн на вентилаторите и голем број портови.

Уредот пристигнува во два модела: Dell G7 15 и Dell G7 17, а може да се конфигурира со процесор од 10. генерација Intel Core i7-10750H модел до Core i9 варијанта. Чипот на Intel ќе работи во комбинација со до 32GB RAM и 1TB M.2 PCIe NVMe SSD.

]

Кога се во прашање опциите за графичката картичка, во основната понуда е NVIDIA GeForce GTX 1660 Ti модел, а можна е надградба до GeForce RTX 2070 Super GPU со 8GB видео меморија. Поголемиот Dell G7 17 модел има 17,3-инчен FHD дисплеј, со стапка на освежување од 144Hz.

Dell G7 лаптопите се достапни во продажба, по почетна цена од 1429 долари. Повеќе детали се достапни ТУКА.