Според наводите од новиот извештај, Huawei планира да користи различни чипови за својата P50 серија телефони. Поради санкциите на САД, компанијата има лимитирани залихи на Kirin 9000 чипови, а ова нема да биде доволно за да се подмири целосната P50 линија. Како замена ќе мораат да се користат Qualcomm чипови.
Меѓутоа, користењето на Snapdragon чипови има мана во тоа што нема да можат да нудат 5G поддршка. Моментните санкции му забрануваат на Huawei да ја користи 5G технологијата на американските компании, така што изворите веруваат дека стандардниот Huawei P50 ќе користи 4G верзија на Snapdragon 888 чипсетот. Телефонот се очекува кон средината на август.
Од друга страна, Pro моделот во текот на август би требало да биде објавен со Kirin 9000 чипови. Ескпертите веруваат дека до декември ќе се потрошат залихите на овие чипови и ќе биде приморан да користи Snapdragon pпроцесори.
Во овој извештај нема детали за Huawei P50 Pro+ моделот.