Според анализата на расклопување на компонентите спроведена од TechInsights, цената на компонентite на новиот iPhone 13 Pro модел со 256 GB простор чини точно 570 долари.

Оваа цена претставува зголемување од 4 проценти во споредба со цената за производство на iPhone 12 Pro 256 GB од минатата година, чија цена изнесуваше 548 долари. Интересно, малопродажната цена за 256 GB iPhone 13 Pro е 1.099 долари.

Ова значи дека материјалите сочинуваат 52 проценти од финалната цена на телефонот, не вклучувајќи ги и другите трошоци, како што се истражување и развој, маркетинг и транспорт, но и економијата на обем на Apple.

Новиот A15 Bionic чипсет, NAND флеш меморија и подсистемот со дисплеј се главни фактори за зголемување на цената на производство на iPhone 13 Pro моделот. На конечната цена влијаеше и актуелниот недостиг на чипови.

Само за споредба, TechInsights споменува и дека проценетата цена на изработка на Samsung Galaxy S21+ телефонот со 256GB складирање изнесува 508 долари, додека малопродажната цена на овој смартфон на сајтот на Samsung е 1050 долари.