AMD наводно се подготвува во текот на август да ја претстави Radeon RX 6600 XT графичката карта во малопродажба. Овие информации ги објави YouTube блогерот Coreteks.

Radeon RX 6600 XT ќе биде ексклузивно објавена како прилагодена графичка карта, преку AIB партнерите на компанијата, а се очекува дека ќе има цена од 399 долари. Се очекува дека нема да биде нудена преку сајтот на AMD.

AMD Radeon RX 6600 XT GPU би требало да биде заснован на 7nm “Navi 23” архитектура, 8GB ќе биде стандардна количина на меморија за 128-битниот GDDR6 мемориски интерфејс, а тука е и 32MB Infinity Cache.

Кога се во прашање перформансите, Coreteks прогнозира дека RX 6600 XT ќе има перформанси од ±5% во однос на RX 5700 XT и GTX 1080 Ti, што графичката карта ќе ја направи подобна за AAA гејминг во 1080p или 1440p uz FSR.