Acer најави дека на Computex саемот во Тајван, кој ќе се одржи од 28. мај до 3. јуни ќе претстави два нови лаптопи кои ќе бидат базирани на најновата генерација AMD Ryzen мобилни процесори. Во прашање се компјутерите Nitro 5 и Swift 3.

Nitro 5 е преносен компјутер наменет за гејмери. Ќе го покрева втора генерација Ryzen 7 3750H процесор како и Radeon RX 560X графичка карта. Благодарение на тоа, играчите ќе можат да очекуваат фантастични визуелни и респонзивни перформанси, кои ќе обезбедат врвно искуство во играњето.

Swift 3 е фокусиран на продуктивност и ќе биде опремен со втората генерација Ryzen 7 3700U процесор и Radeon Vega графичка карта. Acer тврди дека овој лаптоп ќе биде доволно силен за ефикасно извршување на најсложените задачи кои се однесуваат на обемни пресметки и видео монтажа, а ќе бидат способни за играње игри со добар квалитет и брзина.

Двата лаптопи ќе биде претставени на штандот на Acer на претстојниот Computex.

Извор: PC Press.rs