Квантните компјутери полека, но сигурно стануваат реалност. Google неодамна соопшти дека постигна квантна супериорност – направен е првиот квантен компјутер кој решава „секојдневни“ задачи.

За разлика од обичните компјутери, квантните компјутери можат да решат математички проблеми за кои на суперкомпјутерите би им биле потребни години.

Покрај научниците, на употребата на квантни компјутери најмногу се радуваат банкарите. Комплицираните финансиски модели ќе можат да се имплементираат за неколку дена, наместо неколку месеци колку што сега е потребно. Исто така, вештачката интелигенција која ќе се „врти“ на квантните компјутери ќе може да ги предвиди трендовите на пазарот во наредните години.

Квантните компјутери во моментов се користат за анализа на податоците од CERN, во истражување на вселената, како и во енергијата, а нема сомнение дека за една деценија (или две) ќе бидат и во нашите домови.

Извор: Danas.rs