OnePlus на пазарот на смартфони е присутен повеќе од осум години, а сега компанијата работи и на свој таблет уред. Сертификатот од EUIPO сајтот открива дека OnePlus сега има права на името „OnePlus Pad“ за електронски уред.

OnePlus е филијала на BBK Electronics корпорацијата, заедно со компаниите Oppo и Realme. Претходно веќе дознавме дека Realme би можел да биде прв од трите бренда кој во своето портфолио ќе вклучува лаптопи и таблет уреди.

Повеќе детали за OnePlus Pad уредот можат да се очекуваат во следниот период, а во меѓувреме компанијата продолжува да работи на нови паметни телефони.

Овие денови се појавија некои информации за OnePlus 9T, кој ќе има систем со четири камери, кој го предводи 108MP главен сензор. Исто така, системот на камери ќе биде развиван во соработка со Hasselblad.

OnePlus 9T може да има ColorOS 11 и 108MP камера