OnePlus претходно оваа година ги претстави OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro, а гласините сугерираат дека не очекува и OnePlus 9T. Дојавувач сега објави некои информации за овој смартфон.

OnePlus 9 серијата, која беше објавена претходно, пристигна во Европа со OxygenOS платформата, додека во Кина користеше ColorOS. Во текот на јуни, OnePlus објави подлабока интеграција со компанијата Oppo, што може да се рефлектира во претстојниот OnePlus 9T модел.

Дојавувачот сугерира дека OnePlus 9T ќе пристигне со ColorOS 11 интерфејс, но не прецизираше дали ова се однесува на моделот за европскиот пазар или за Кина.

Покрај тоа, споменато е дека телефонот ќе има систем со четири камери, кој ќе го предводи главниот сензор од 108MP. Компанијата ќе продолжи да ја користи Hasselblad оптимизацијата на камерите и кај OnePlus 9T моделот.

Се очекува дека OnePlus 9T ќе биде претставен во текот на третиот квартал на оваа година, а гласините споменуваат дека нема да биде објавен OnePlus 9T Pro .

Претходните информации укажуваа на тоа дека OnePlus 9T ќе има Samsung E4 AMOLED LTPO дисплеј со FHD+ резолуција и освежување од 120Hz, а можно е дека ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет .