Компанијата LG веќе некое време произведува паметни телефони со Android и средни спецификации, а сега претстави три члена од Q7 серијата.

Q7 семејството се состои од моделите Q7a, Q7 i Q7+, првите два имаат 3 GB RAM и интерна меморија од 32 GB, додека третиот доби 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија. Исто така, првите два модела имаат 1,5 GHz осмојадрен процесот, а третиот поседува 1,8 GHz осмојадрен процесор.

На задната страна на моделите Q7 и Q7a е камерата од 13 мегапиксели, додека во случајот на Q7+ се наоѓа камера од 16 MP. Од другата страна, Q7+ i Q7 однапред имаат камера од 8 MP, додека купувачите на моделите Q7 ќе мораат да се “помират” со камера од 5 MP.

Смартфоните имаат портрет мод, QLens, Hi-Fi аудио, DTS:X 3D Suround Sound поддршка преку 3,5 mm аудио влез, microSD слот за проширување на меморијата, оперативен систем Android 8.0 Oreo, LTE радио, сензор за отисок на прст на задната страна, а покрај тоа се отпорни и на вода и прав.

LG Q серијата ќе биде достапна на одредени пазари, а цените ќе бидат познати наскоро.