Досега имавме многу новини и информации за претстојните флексибилни уреди на Samsung, но недостасуваше еден битен детал, а тоа е периодот на нивно претставување. Додека повеќето извештаи се согласуваат дека тоа ќе се случи во текот на август, официјален претставник на Samsung сега нуди конкретен датум на објава.

Според наводите од Јужна Кореја, неименуван претставник на Samsung потврди дека компанијата на 11. август ќе го одржи својот следен Unpacked настан.

Секако, во текот на овој Unpacked, главни sвезди ќе бидат токму флексибилните телефони Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3. Сепак, тие нема да бидат единствените кои ќе бидат единствените претставени на споменатиот датум.

Galaxy Watch 4, исто така, ќе го привлече вниманието на корисниците, посебно поради новиот Wear OS интерфејс. Ќе се појават и Galaxy Buds 2 слушалките, кои претходно се појавуваа во вестите.

Geekbench претходно откри дека Galaxy Z Fold 3 ќе има Snapdragon 888 чипсет, 12 GB RAM и Android 11 оперативен систем.