Употребата на криптовалути во мексиканскиот финансиски систем е забранета.

Таа одлука нема да биде променета во блиска иднина, изјави министерот за финансии на Мексико, Артуро Херера.

„Криптовалутите не се законско средство за плаќање и не се третираат како валути во тековната регулаторна рамка на земјата“, рече Херера на состанокот на Работната група за финансиска акција, глобално тело за спречување на перење пари.

Неговата порака доаѓа непосредно откако мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плего, истакнат поборник за биткоин, рече дека работи на тоа да ја направи Ацтека банка прва во Мексико што прифатила крипто валута. Салинас е претседател на Групацијата Салинас, која е матична компанија на споменатата банка.

Коментарите на Херера не беа експлицитно поврзани со изјавата на Салинас, но сепак пристигнаа во рок од неколку часа по објавувањето на овој бизнисмен за прифаќање виртуелни пари, забележува CoinDesk.

Xeрера додаде дека неговото министерство ќе издаде детално соопштение за позицијата на владата во врска со ова прашање.

Извор: B92.net