Илон Маск откри дека нов формат на видео содржина доаѓа наскоро на платформата X.

Милијардерот и сопственик на платформата X откри дека оваа платформа наскоро ќе овозможи видео содржини со долга форма на паметните телевизори.

Одговарајќи на барање на корисник, Маск го потврди пристигнувањето на видео со долга форма на паметните телевизори.

Изворите сугерираат дека апликацијата X TV ќе наликува на апликацијата YouTube за TV, што укажува на амбициите на Маск услугата да стане конкурент на платформата на Google.

Платформата X додава многу нови функции во последниве месеци, а Маск веќе ја изрази својата намера да го претвори X во супер апликација која може да направи сè – испраќање пораки, плаќање, но и гледање видео содржини во долга форма.