Неодамна се појавиja информации дека некои MacBook и iPad модели може да бидат одложени поради глобален недостиг на чипови. Меѓу производите кои ќе бидат погодени од овој проблем е и iPad Pro.

Според извештајот на Bloomberg, претстојниот iPad Pro се соочува со проблеми во производството. Ова може да доведе до слаба залиха на уредот на почетокот на продажбата. Меѓутоа, и покрај проблемите со производството, Apple планира таблет уредот да го пласира пазарот во втората половина на април.

Според извештајот, снабдувачите на компоненти и делови на Apple се соочуваат со недостиг на залихи, а меѓу нив се и сите главни снабдувачи на mini-LED дисплеи – Ennostar и Taiwan Surface Mounting Technology Corp.

Од друга страна, извештајот ги потврдува претходните гласини дека Apple ќе го претстави iPad Pro во две големини. Поскапиот модел од 12,9 инчи ќе има мини-LED дисплеј, со подобрен контраст и поголема осветленост. Овој модел би можел да почне да се испорачува подоцна од 11-инчната верзија на таблетот, поради наведените проблеми со залихите.

Apple се соочува со одложување на производството на MacBook и iPad уредите