Google најави дека од 25 јуни ќе биде достапна доверлива верзија на сите „G Suite“ домени.

Ова е карактеристика што лесно можеме да ја вклучиме и исклучиме, а таа ќе ни обезбеди различни начини за заштита на нашите комуникации на платформата на Google.

Со помош на доверливата верзија ќе можете да испраќате електронска пошта која примателите нема да можат да ја печатат, копираат, преземаат или препраќаат. Преку доверливата верзија можете да побарате и примателите да мора да користат СМС-код за да пристапат до содржината на пораките што им ги испраќате.

Благодарение на новиот режим, корисниците на Gmail ќе можат да постават „датум на истекување“ на е-поштата, по што пораката ќе стане невидлива за примачот.

Кога испраќаат електронски пораки со „доверлив режим“, примателите нема да можат да ги препраќаат до други, да ги копираат или да ги преземаат од мрежата.

Корисниците ќе можат да избришат и веќе испратени пораки, што можеби е најатрактивната новина за многумина.

Во следното видео можете да видите како да ја користите доверливата верзија кога испраќате порака и што гледа примателот кога прима порака во доверлива верзија.